Шефот на „Samsung“ даде оставка: Следи невидена криза

Директорот на компанијата „Samsung Electronics“ Квон Ох Хјун поднесе оставка и рече дека јужнокорејскиот технолошки гигант се соочува со „невидена криза“.

Квон даде оставка во време кога компанијата се опоравува од скандалот во кој Ли Џае Јонг, де факто шеф на компанијата и наследник на „Samsung“, заврши во затвор.

Се проценува дека компанијата во периодот од јули до септември остварила оперативен профит од 12,8 милијарди долари, што е рекордна квартална вредност.

Продажбата е зголемена за 29,65% на годишно ниво, а најголем напредок имаше бизнисот со полупроводници, објави AFP.

Покрај ваквите резултати, Квон рече дека компанијата е во голема криза и дека тојк се повлекува.

„За среќа, компанијата сега остварува најдобри резултати во нејзината историја, но тоа е само последица на одлуки и вложувања од минатото“, рече Квон.

Тој додава дека според него, време е компанијата да добие ново, помладо раководство што подобро ќе се носи со предизвиците на индустријата за информациски технологии што се менува со брзо темпо.

Извор – https://kajgana.com/

Сподели