Сешнс: Не се сеќавам на средбата со Пападопулос

Јавниот обвинител на САД, Џеф Сешнс во денешното сведочење пред американскиот Конгрес изјави дека не се сеќава на средбата со Џорџ Пападопулос, кој што призна дека дека лажел при првичното сослушување од страна на ФБИ.
Сешнс кажа дека не лажел пред конгресмените во врска со средбите кои што ги имал за време на предизборната кампања.
– Се сеќавам дека во март 2016 година имавме средба во хотелот „Трамп“, на која присуствуваше и Пападопулос, но не се сеќавам јасно на деталите од тој состанок. Ние водевме брилијантна предизборна кампања, но честопати деновите беа хаотични, патувавме на повеќе места во еден ден, малку се спиеше, а згора на тоа, јас работев и со полно работно време како сенатор, изјави Сешанс, објаснувајќи ги причините зошто не се сеќава во целост на средбата со Пападопулос.

Powered by WPeMatico

Сподели