Сенатот ќе ја испитува надлежноста на Трамп за покренување нуклеарен напад

Американскиот Сенат ќе ја преиспитува надлежноста на американскиот претседател Доналд Трамп за започнување на нуклеарен напад, првпат во 40 години.
Според Би-Би-Си, Сенатот ќе одржи сослушување во Комитетот за надворешни работи наречено „надлежност за издавање наредби за користење на нукеларно оружје“.
Претседател на Комитетот е републиканецот Боб Коркер, кој што го обвини Трамп дека ги води САД кон Трета светска војна.
За ова прашање последен пат Конгресот расправаше во март 1976 година.
– Ние сме загрижени дека претседателот е нестабилен, толку хировит, импулсивно носи одлуки и оти би можел да нареди напад со нуклеарно оружје, што е во драстичен расчекор со американските интереси на државната безбедност, истакна демократскиот сенатор Крис Марфи на седницата.
Како врховен командант на вооружените сили, претседателот има надлежност да нареди нуклеарен напад, кој би можел да биде изведен од подморница, авион или со лансирање на интерконтинетален балистички проектил (ИЦБМ).
Во согласност со актуелните закони, претсадателот на САД може да покрене напад со внесување на шифра во апаратот, што постојано е кај него. Претседателот нема обврска за таквата одлука да се консултира со кого било.

Powered by WPeMatico

Сподели