Се засилува конкуренцијата помеѓу криптовалутите, етерум и лајткоин со вртоглав раст

Покрај биткоинот, во последните два дена уште две други криптовалути тргнаа по неговите стапки со висок раст. Станува збор за етерумот и лајткоинот.

Од почетокот на неделата вредноста на овие валути вртоглаво расте. Во понеделникот претпладне еден лајткоин чинеше околу 150 долари, а синоќа достигна вредност од над 320 долари, што е раст од 110 отсто за помалку од 48 часа.

Етерумот во понеделникот вредеше 460 долари, а денеска неговата вредност стигна до над 630 долари, или раст од околу 40 отсто.

Според аналитичарите, од почетокот на неделета било многу подоходовно да се инвестира во етерум или лајткоин, отколку во биткоин.

Интересот за купување на етереуми и лајткоини резултираше со проптоварување на мрежите за електронско тргување, при што ЕТХ и ЛТЦ крахираа, додека КоинДеск времено го запре тргувањето со двете криптовалути.

Сподели