Самоубиствен напад во Пакистан, шест мртви

Во самоубиствен бомбашки напад на полициски камион во Пакистан во градот Квет загинаа шест лица, а повредени се 17, соопштија властите во земјата.

Повеќето од жртвите биле припадници на полициските сили.

Одговорност за нападот презедоа талибанците наведувајќи дека бомбаш самоубиец нападнал полицајци што се враќале од должност од зградата на покраинското собрание.

Пратениците од собранието денеска заседавале за гласање доверба на главниот министер во покраината, Шанулах Зериј, кој поднесе оставка непосредно пред изгласувањето.

Покраината Белуџистан се соочува со повеќегодишен бунт на сепаристите, но и со закана од исламистичките екстремисти.

Сподели