САД: Тројца убиени во пукање во средно училиште

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 15 се ранети откако напаѓач отворил оган во средно училиште во американската сојузна држава Ново Мексико.
Според властите потврдени се три жртви, од кои двајца се студенти, а еден е напаѓачот. Засега нема информации дали напаѓачот бил студент или посетител.
Истрагата сè уште е во тек. По нејзиното завршување се очекува да бидат познати причините за нападот.
Локалните медиуми јавуваат дека во училиштето каде што се случило пукањето, учат 1.000 ученици.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

Сподели