САД: Рохинџите треба да се вратат во своите домови во Мјанмар

На муслиманските Рохниџи, кои беа принудени да побегнат од Мјанмар поради „бруталните репресии“ на мјанмарските безбедносни сили, треба да им се дозволи да се вратат безбедно во нивните домови, изјави денеска во Дака заменик директорот на американското Биро за население, бегалци и миграција, Сајмон Хеншоу.
Тој најави дека САД ќе продолжат да им помагаат на Рохинџите, кои побегнаа во Бангладеш од прогонот во западните делови на Мајнмар, во која големо мнозинство од жителите се будисти.
– Властите на Мјанмар треба да гарантираат сигурна и стабилна состојба, за да можат Рохинџите да се вратат во своите домови, изјави Хеншоу на прес-конференција во бангладешкиот главен град.
Над 600.000 Рохинџи од крајот на август побегнаа од Мјанамар во доминантно муслиманскиот Бангладеш, пред воените операции на мајнмарските владини сили против локалните бунтовници.
ОН масовнотп бегство на Рохинџите од Мјанмар го окарактеризираа како „етничко чистење“.
Хеншоу вчера посети неколку бегалски кампови на Рохинџите во Бангладеш, при што најави дека САД ќе продолжат со напорите за решавање на оваа „сложена криза“ преку дијалог.
Тој побара властите на Мјанмар да преземат одговорност за враќање на бегалците во своите домови и да спроведат мерки за нормализација на состојбата во деловите на земјата во кои живеат Рохинџите.

Сподели