Романси кои ќе ви го стопат срцето и ќе ви ја разгорат страста

Понекогаш сè што сакаме е да прочитаме добра романтична книга која ќе ни ја врати вербата во љубовта и ќе ни ги разгори сите заспани емоции.

Romansi-koi-ke-vi-go-stopat-srceto-01.jpg

Доколку сте од оние души кои веруваат во љубовта, искрените емоции, а ве придвижуваат страста и мислата за совршено-несовршена љубов, отворете го срцето за три прекрасни приказни кои длабоко ќе ве допрат:

9-ти ноември – Колин Хувер

Бен и Фалон се запознаваат сосема случајно, истиот ден кога Фалон се сели од Лос Анџелес во Њујорк. Меѓу нив се раѓа инстантна привлечност, но Фалон не сака да се откаже од својот план само заради убавото момче.

Тие склучуваат пакт – секоја година ќе се среќаваат на истиот датум, а во меѓувреме ќе немаат апсолутно никаков контакт.

Двајцата носат лузни и тајни од минатото. Дали нивната љубов ќе успее да ги помине оддалеченоста, временскиот договор и минатото?

Romansi-koi-ke-vi-go-stopat-srceto (2).jpg

Биди со мене – Џенифер Арментраут

Тереза е вљубена во најдобриот другар на нејзиниот брат. Но, откако се бакна со Џејс, тој престана да ѝ зборува. А бакнежот е од оние кои ти го менуваат животот. Откако сè ќе тргне наопаку, Тереза решава дека е време за колеџ.

Џејс исто така не може да го заборави бакнежот, но упорно го потиснува, давајќи им приоритет на други, побитни нешта.

Откако на кампусот ќе се случи трагедија, парот кој постојано се привлекува и покрај негирањето на нивните чувства, ризикува во име на љубовта, макар го изгубиле пријателството меѓу нив.

Romansi-koi-ke-vi-go-stopat-srceto (1).jpg

Последното љубовно писмо – Џоџо Мојес

1960-тата година. Џенифер се буди во болница со амнезија после доживеаната сообраќајна несреќа. Таа не се сеќава на никого и ништо, дури ни на сопругот. Но, кога доаѓа дома пронаоѓа писмо од љубовникот заради кој била подготвена да остави сè и да замине.

Години подоцна, Ели која е новинарка го пронаоѓа писмото. Полека започнува да ја отплеткува љубовната мистерија која ја потсетува на нејзините сопствени љубовни проблеми.

Romansi-koi-ke-vi-go-stopat-srceto (3).jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

Сподели