Рецепт со вкус на есен: Макарони во крем сос од тиква и кашкавал

Американците имаат некој посебен ритуал кон нивните омилени макарони со кашкавал (Mac & Cheese). Овој необичен рецепт има мала варијација кој го прави оригиналниот уште повкусен.

Kremavi-makaroni-so-tikva-i-kaskaval-01.jpg

Ова е сезоната на тиквите, па време е да ги употребите во рецептот кој ќе ги освоите сите ваши сетила.

Вистинско есенско уживање, па немојте да се чудите доколку не остане ништо во тенџерето.

Kremavi-makaroni-so-tikva-i-kaskaval (2).jpg

За подготовка на 4 мали порции потребно е:

  • 425 g свежа тиква исечкана на мали парчиња (најдобро е да земете помала тиква, од долгнавестите, бидејќи се посочни и се готват побрзо)
  • 1 кромид
  • 5 чешниња лук
  • 300 ml пилешки бујон
  • 250 g ситни макарони
  • 120 g рендан кашкавал (може чедар или мешавина од кравји и овчи кашкавал)
  • 60 g неутрална павлака
  • Зачини по желба: сол, бибер, жалфија, куркума, босилек.

Kremavi-makaroni-so-tikva-i-kaskaval (4).jpg

Како се прави?

Ставете ги исечканата тиква, кромидот (исто така исечкан на парчиња), лукот и зачините во крчко тенџере.

Полијте ги со пилешкиот бујон и оставете да се вари сè заедно приближно околу 1 час, на средна накај силна температура.

Kremavi-makaroni-so-tikva-i-kaskaval (6).jpg

*Повремено проверувајте го тенџерето. Некому може ќе му биде потребно подолго да го свари сосот, а кај некого овој процес ќе биде побрз. Целта е зеленчукот да биде сварен и мек, за лесно да се може да се згмечи со виљушка.

Тиквата не треба да биде преварена и сува, а сета течност не смее сосема да испари од тенџерето.

Откако добро ќе се свари, изблендирајте ја смесата која треба да изгледа како многу густа супа.

Сварете ги макароните според упатството (ситните макарони се варат од 7-8 минути во добро зовриена солена вода со масло).

Исцедете ги и ставете ги во густата супа заедно со павлаката и ренданиот кашкавал. Оставете да прокрчка уште неколку минути додека целосно не се спојат сите состојки.

Kremavi-makaroni-so-tikva-i-kaskaval (5).jpg

Додадете зачини по желба, за да добиете вкус каков што посакувате.

Сервирајте во мали порции за поубав изглед и ефект. Топло јадење кое ќе ви ја стопли душата, совршено за есен.

Kremavi-makaroni-so-tikva-i-kaskaval (3).jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

Сподели