Renault планира 21 нови модели и приходи од 70 милијарди долари

„Renault“ го објави својот нов стратешки план за следните 6 години, наречен „Drive the Future“, и планира да развие 21 нов модел. На крајот на овој период, приходите на францускиот производител треба да бидат над 70 милијарди долари.

Овој резултат треба да се постигне благодарение на проширувањето на гамата на модели. Французите планираат да направат 8 електрични модели и 12 хибриди. Вкупно 15 од новите машини ќе бидат опремени со автономни системи за контрола.

Планот на „Renault“, исто така, предвидува засилен влез на пазарот во Русија, со сериозни инвестиции во фабриката „АвтоВАЗ“. Очекувањата се дека по 6 години продажбата на брендот ќе се зголеми за 40% и ќе достигне 5 милиони единици годишно. Оваа бројка вклучува производство на руската компанија.

Покрај тоа, „Renault“ ќе го забрза својот развој во Кина, проширувајќи ги производните капацитети и зголемувајќи го своето присуство во Бразил, Индија и Иран. Французите подготвуваат нови работилници – интернет такси и роботски такси. Вкупно 16 милијарди евра ќе бидат инвестирани во истражувањето, а 80% од моделите на брендот ќе одат на заеднички платформи.

Извор – http://denar.mk/

Сподели