Путин и Трамп ќе разговараат за решавање на сириската криза

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп на нивната средба следната недела во Виетнам ќе разговараат за начините за решавање на кризата во Сирија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека во моментов се „усогласува вклулувањето на решавањето на сириската криза на дневниот ред на евентуалната средба“ на двајцата претседатели во Виетнам.

– Решевањето на сирискиот проблем во последно време имаше многу позитивни случувања. Но, неопходни се заеднички напори за надминување на кризата на ново квалитено ниво, изјави Песков.

Тој оцени и дека веќе извесно време не постои соработка меѓу Русија и САД во врска со Северна Кореја.

– Соработка на постои. Само повремено размена на ставови, изјави Песков, додавајќи дека е можно Путин и Трамп на средбата во Виетнам да разговараат и за состојбата на Корејскиот Полуостров.

Сподели