Протести на екологистите во Бон пресрет на самитот за климата

Неколку илјади активисти на организациите за заштита на животната средина денеска одржаа протест во Бон, во пресрет на Светскиот самит за климата, што ќе се одржи од 6 до 17 ноември во главниот град на некогашна Западна Германија.

Учесниците на протестот побараа реализирање на договорените планови за намалување на емисиите на штетни гасови и за затворање на термоцентралите што работат на јаглен.

– Владите и државите, пред се германската Влада, не сторија доволно за да го остварат предвиденото. Тоа е единствено можно ако престанеме да го користиме јагленот. Затоа се собравме околку оваа фабрика за јаглен, за да го запреме уништувањето на животната средина таму каде што тоа и почнува, изјави една од учесничките на протестот.

Учесниците на протестот носеа повеќе транспаренти меѓу кои и „Револуција, не загадување“, „Трамп: Климтски геноцид“ и „Подалеку од нашата земја“.

Според организаторите, на собирот присуствувале над 25.000 лица, додека според германската полиција, на протестот имало околу 10.000 еколошки активисти.

Сподели