Полицијата на скопскиот аеродром на нозе, еве што откри во рачен багаж на кичевчанка

Вчера во 18.10 часот на излез од Р.Македонија со воздухопловот на една авио компанија за Базел се пријавила да патува К.З.(67) од с.Стрелци – Кичево, која патувала во придружба на нејзиниот син А.З.(44) од истото село.

При извршена анализа на ренген снимката од рачниот багаж на К.З., пронајден е куршум од засега непознат калибар.

Во 18,10 часот К.З. е лишена од слобода, а куршумот е одземен со потврда за привремено одземени предмети, по што во 19,00 часот е предадена на инспектори од Регионалниот Центар -Запад за понатамошна постапка.

Сподели