Пијан битолчанец му удрил бокс на лекарот кој сакал да му помогне

Лекар од екипа на итна медицинска помош настрадал вчера во Битола во обид да му помогне на 34-годишен битолчанец, кој лежел на улица во алкохолизирана состојба.

Како што информираат од полицијата, итната помош излегла вчера во 21.00 часот на улицата „Васко Каранѓелевски“, пред кафе-бар со цел да му даде лекарска помош на 34-годишниот В.С.

Бидејќи бил под дејство на алкохол, од страна на доктор му било укажано дека треба да го пренесат во ургентниот центар, по што В.С. станал и го нападнал докторот, удирајќи го со тупаница во десната слепоочница, нанесувајќи му телесна повреда.

Секторот за внатрешни работи Битола, велат од МВР, презема мерки за расчистување на настанот.

Сподели