Овесна каша од понеделник до петок: 5 идеи за појадок

Многу нутриционисти се држат до тоа дека овесната каша е најдобриот појадок со кој можеме да го почнеме денот.

ovesna-kasha-od-ponedelnik-do-petok-5-idei-za-pojadok-01.jpg

Со овој оброк кој се подготвува за 5 минути, ќе бидете сити, а и здрави.

Во себе содржи многу хранливи влакна кои го помагаат варењето, го урамнотежуваат шеќерот во крвта и го зајакнуваат имунитетот, а за дополнителен ефект можете да ги комбинирате и со други хранливи состојки.

Доколку не сакате да јадете само обична овесна каша, ви нудиме 5 идеи заради кои нема да сакате да го пропуштите овој појадок:

Овесна каша со чоколадо, чиа семе и путер од кикирики

Кашата со чоколадо комбинирана со чиа семе и путер од кикирики е вистинско слатко задоволство за почетокот на неделата.

Покрај хранливите состојки на самата овесна каша, путерот од кикирики и чиа семето дополнително ќе ви дадат енергија.

ovesna-kasha-od-ponedelnik-do-petok-5-idei-za-pojadok-02.jpg

Овесна каша со малини, фстаци и павлака

Малините сами по себе се здрави и помагаат за губењето вишок килограми, па овесната каша со малини и чиа семе ќе ве држи сити подолго време, а фстаците ќе ви го забрзаат метаболизмот.

Така ќе имате помалку потреба да внесувате други калории до следниот главен оброк.

ovesna-kasha-od-ponedelnik-do-petok-5-idei-za-pojadok-03.jpg

Овесна каша со јаболко и цимет со додаток банана и јогурт

Овесна каша со мирис на јаболко и цимет е идеална за есенските денови. Како додаток секако не заборавајте чиа семе кое одговара во секоја комбинација, а бананата ќе даде посебен благ вкус.

ovesna-kasha-od-ponedelnik-do-petok-5-idei-za-pojadok-04.jpg

Овесна каша со брусница и додаток сирење (по желба) и јаворов сируп

Овесна каша со чиа семе и едно од најздравите плодови – брусница, предлагаме да ја комбинирате со посно сирење со ниска калориска вредност, а одозгора како засладувач истурете јаворов сируп. Вкусот ќе ве изненади.

ovesna-kasha-od-ponedelnik-do-petok-5-idei-za-pojadok-05.jpg

Овесна каша со ванила, манго и кокос

Овесна каша со чиа семе и ванила – мирис на кој нема да можете да одолеете.

Со вкусот на ванила одлично одговараат и тропските вкусови како манго или ананас и кокос.

Мангото исечкајте го на парчиња и ставете го во кашата, а одозгора посипете со кокос.

ovesna-kasha-od-ponedelnik-do-petok-5-idei-za-pojadok-06.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

Сподели