Османи во посета на Атина

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Атина ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и со алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос. Притоа, како што соопшти грчкото МНР, ќе се разговара за европски прашања од заеднички интерес. Вицепремиерот Османи во пресрет на денешнатапосета на Грција изјави дека Скопје и Атина работат на градење на довербата и оти само во таква атмосфера е можно да се направи обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение околу разликите за името.

Сподели