Осаменоста го скратува животниот век

Осаменоста може да биде мошне болно чувство. Секој има потреба понекогаш да ја помине вечерта сам, гледајќи ја омилената серија со чаша добро вино, но доколку почувствувате потреба тоа да го правите тоа секојдневно, тогаш можно е да се соочувате со проблем.

Токму осаменоста е предмет на многу истражувања, а резултатите од истите беа повод во Велика Британија да се покрене голема кампања против осаменоста.

Aнализата што била спроведена на 148 студенти од САД, Европа и Австралија покажува дека друштвената изолираност, осаменоста и одлуката на личноста да живее сама имаат значително влијаат врз тоа колку долго ќе живее.

Податоците кои биле добиени од повеќе студии покажале дека друштвените контакти имаат големо влијание врз физичкото здравје на едно лице, но и дека осамените луѓе се помалку  склони кон физичка активност. Со тоа тие имаат и поголема можност за развој на карцином на дојка и некои кардиоваксуларни болести.

Научниците тврдат дека причината за зголемувањето на бројот на осамени луѓе над 45 години, е зголемениот број на разводи и сè поголемото фокусирање на тоа да се шират  виртуелни познатства наспроти реални.

извор:идивиди

Сподели