НСДП: Изборниот процес помина фер и демократски

НСДП денеска во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беше усвоен прелиминарниот извештај за локалните избори на кои коалицијата преводена од СДСМ убедливо победи.

„На седницата беше констатирано дека општинските организации на партијата со својата партиципација во изборниот процес дадоа значаен придонес за убедливата победа на изборите и за отпочнувањето на процесот на реформи и декриминализација на институциите на системот на општинско ниво.

На седницата се оцени дека изборниот процес помина во фер и демократска атмосфера, со почитување на темелните слободи на граѓаните и нивното избирачко право, односно изборниот резултат претставува објективна рефлексија на политичката волја на граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението на НСДП.

Сподели