Ни Бентли, ни Ролс Ројс: Што возат најпознатите светски милијардери?

Кога ќе се спомне зборот „милијардер“, веднаш помислуваме на огромна куќа, вила од соништата и луксузен автомобил.

skromen-izbor-shto-vozat-najpoznatite-svetski-milijarderi-01.jpg

Но, како и другите скромни навики на милијардерите, и возниот парк не е онаков каков што многумина мислат.

Бентли, Ферари или Ролс Ројс? Ништо од наведеното.

Во продолжение погледнете какви „едноставни“ автомобили возат успешните милијардери:

Ворен Бафет – Cadillac XTS

Ворен Бафет „тежи“ повеќе од 75 милијарди долари и моментално е вториот најбогат човек во светот. Неговиот избор е американскиот класичен елегантен модел Cadillac XTS.

Бафет 8 години возел исто така Cadillac, но поголем модел – DTS. Со оглед на тоа што просечно поминувал околу 6000 километри, Бафет изјавил дека не му треба поголем и подобар модел, па се одлучил за моделот XTS.

skromen-izbor-shto-vozat-najpoznatite-svetski-milijarderi-05.jpg

Марк Закерберг – Acura TSX

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, вози Acura TSX (во Европа Honda Accord), што претставува навистина скромен избор за милијардер како него. Тој има изјавено дека не му е јасно зошто сите се чудат кога овој автомобил е безбеден, удобен и сигурен јапонски модел.

Кога ќе посака малку побрзо и подинамично возење, Марк седнува во неговиот VX Golf GTI, кој има слична цена како и Acura-та.

skromen-izbor-shto-vozat-najpoznatite-svetski-milijarderi-02.jpg

Алис Волтон – Ford F – 150

Наследничката на американскиот ланец на супермаркети Wal-Mart е моментално втората најбогата жена во светот. Таа вози камионет Ford F – 150 King Ranch, стар 11 години.

И нејзиниот татко го имал истиот модел, произведен во 1979 година.

skromen-izbor-shto-vozat-najpoznatite-svetski-milijarderi-03.jpg

Ингвар Кампрад –  Volvo 244 GL

Основачот на шведската компанија за мебел ИКЕА, една од најпознатите компании за уредување на домот, веќе дваесет години го вози истиот автомобил. Станува збор за Volvo 244 GL од 1993 година.

Сепак, Кампрад не вози многу често бидејќи пријателите го советувале да не поминува многу време зад воланот со оглед на тоа што има 91 година.

skromen-izbor-shto-vozat-najpoznatite-svetski-milijarderi-06.jpg

Стив Балмер – Ford Fusion Hybrid

Стив Балмер, поранешниот долгогодишен директор на Microsoft, а денес сопственик на кошаркарскиот клуб Los Angeles Clippers, моментално е на 27-то место на најбогатите луѓе во светот.

Тој е лојален на американскиот бренд Форд бидејќи неговиот татко долги години бил менаџер во таа компанија. Од 2009-тата наваму, Балмер го вози скромниот модел Ford Fusion Hybrid.

skromen-izbor-shto-vozat-najpoznatite-svetski-milijarderi-04.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

Сподели