Не грижи се дали си стара, грижи се дали ти е здодевно: Мудри совети за жените по 30-тата

Годините минуваат, но тие се само бројка. Престани да го трошиш времето на работи што не можеш да ги промениш.

ne-grizi-se-dali-si-stara-grizi-se-dali-ti-e-zdodevno-mudri-soveti-za-zenite-po-30-tata-01.jpg

Маргарет Менинг авторка на онлајн магазинот „Sixty and me“, креиран за жени по 60-тата година, дава одлични совети, кои секоја жена по 30-тата година треба да ги знае.

Еве од кои 27 совети треба да се водите низ животот:

– Запамети дека твојот живот не е генерална проба, туку премиера.

– Прифати ги смирено промените кои доаѓаат со годините.

– Годините се само бројка, која не одредува која си ти.

– Пронајди хоби во кое уживаш и размрдај ја својата дневна рутина.

– Иако е тешко, обиди се секогаш да бидеш искрена со себе.

– Не грижи се дали си остарела, грижи се дали ти е здодевно.

– Никогаш не престанувај да бараш инспирација.

– Учи, читај, патувај.

– Купувај класична облека, тоа е секогаш во мода.

– Престани да трупаш работите, ослободи се од сè што ти е бескорисно.

– Не комплицирај, држи се до едноставните работи.

– Никогаш не дозволувај да те води стравот.

– Сакај и однесувај се кон своето семејство на начин на кој би сакала тие да се однесуваат кон тебе.

– Не постои совршено време за деца. Кога навистина ги посакуваш, треба да ги имаш.

– Би требало да сочувствуваш не само со другите, туку и со самата себе.

– Научи да простуваш.

– Внимавај на кругот на блиски пријатели и не дозволувај погрешни луѓе да влезат во него.

– Чувај ги најблиските, тие ќе бидат туку за тебе без оглед на сè.

– Никогаш не оди на спиење лута.

– Кажувај им на блиските дека ги сакаш што почесто.

– Цени ја својата убавина. По 30-тата година жената процветува.

– Не троши го времето нервирајќи се за работи што не можеш да ги промениш.

– Верувај ѝ на својата интуиција.

– Дури и кога мислиш лошо за себе, не говори лошо за себе.

– Дозволи му на детето во тебе да излезе од време навреме.

– Биди воин, научи да бидеш снаодлива и независна.

– Не плаши се, сè ќе дојде на свое место во свое време, природата нè подготвува за секоја животна доба.

Извор – http://www.crnobelo.com/

Сподели