Научници развиваат наметка за невидливост како таа на Хари Потер

Научници развиваат наметка за невидливост како таа на Хари Потер

Од „Ѕвездени патеки“ до „Хари Потер“ наметките за невидливост се популарна тема во научно-фантастичните филмови. Сега истражувачи од Техничкиот универзитет во Виена развија нова техника која оваа футуристичка технологија ќе ја претвори во реалност. Техниката вклучува менување на начинот на кој светлината поминува низ непровидни предмети и ќе овозможи камуфлирање на предметите. Иако допрва треба да ја презентираат техниката во пракса, истражувачите веруваат дека наскоро нивните експерименти ќе ја потврдат идејата. 

Најпрвин еден предмет треба директно одозгора да се осветли со ласер за да се наполни со енергија. Тоа ќе ги смени карактеристиките на материјалот и ќе го направи провиден за светлина со друга бранова должина која доаѓа од страна. Но, со цел предметот да стане невидлив светлината која се емитува кон него мора да кореспондира со внатрешните нерегуларности поради кои вообичаено светлината се разбива на сите страни.

Извор – http://inovativnost.mk/

Сподели