Нападнат американскиот сенатор Ренд Пол

Американскиот републикански сентор Ренд Пол беше нападнат пред неговата куќа во Кентаки, при што се здобил со полесни телесни повреди, соопшти локалната полиција.
Во полициското соопштение се наведува дека сенаторот бил нападнат од 59-годишниот Рене Бушер, кој е уапсен. Според полицијата, Пол никогаш претходно не го сретнал Бушер.
Мотивите за нападот засега не се познати, а истрагата за случајот ја спорведува Федералното истражно биро (ФБИ).
Портпаролопт на Пол, Келси Купер, од своја страна соопшти дека сенаторот е „добро“ и дека бил нападнат од зад грб. – Немаме никакви информации зошто е нападнат, додаде Купер.
Пол беше еден од претендентите за републикански претседателски кандидат за ланските избори во САД, но се повлече од трката по слабите резултатите на првите неколку прелиминарни гласања на републиканците.

Сподели