Најмалку тројца загинати во невреме во Германија

epa06202123 Children walks along the beach of Norddeich, northern Germany, 13 September 2017. Beach chairs are fallen over by heavy wind squalls from storm front "Sebastian". EPA/DAVID HECKER EPA-EFE/DAVID HECKER

Најмалку три лица загинаа во бурата „Себастијан“ во Германија, во чиј северен дел е регистриран ветер со јачина на ураган од 130 километри на час.

Бурата вчера го погоди западниот и северниот дел на Германија, а денеска се движи и кон источниот дел на земјата, соопштија германските метеоролози.

Неколку германски покраини објавија предупредувања во кои се советуваат жителите да останат во своите домови, додека службите за вонредни ситуации не ги исчистат патиштата и ги отстранат проблемите со недостиг на струја.

Според информации на локалните противпожарни служби, тело на маж во инвалидска количка е пронајдено во река во северниот град Хамбург. Според сведоци, тој паднал во вода, но и покрај обидите на службите за спасување, меѓу кои и нуркачи, чамец и хеликоптер „не можеле да го спасат“.

Меѓу загинатите е и еден пешак во Хамбург, кого го погодило скеле што паднало од седми кат на една зграда, соопшти полицијата. Тој е пренесен во болница, но подоцна починал.

Според податоците на локалната полиција, трета жртва е 53-годишен маж кој паднал од дрво во градот Брилион.

Сподели