Над 100 загинти при експлозија во бегалски камп во Сирија

Над сто лица загинаа при експлозија на автомобил-бомба во бегалски камп на источниот брег на реката Еуфрат, во северно предградие на сирискиот град Деир ез-Зор, јавија сириските медиуми.
Според истите извори, најголемиот број од жртвите се жени и деца.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон соопшти дека нападот бил извршен од припадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Според сириските државни медиуми, џихадистот влегол со автомобилот-бомба во центарот на кампот, по што го активирал експлозивот поставен во возилото.
Инцидентот се случил на територија под контрола на бунтовничката група Сириски демократски сили, која е поддржана од САД.

Сподели