На Косово за 18 годнини 1.521 убиство

На територијата на Косово, од јануари 1999 година до ноември годинава, регистрирани се 1.521 убиство, а мотивите се различни.

Во изминатите 11 месеци од годинава регистрирани се 23 убиства,од кои 17 се расветлени.

-Додека во 2014 година беа регистрирани десет убиства ,во во последователните години тој број е двројно поголем. Така во 2015 г се убиени 26 лица, додека во 2016 година 25, потврдува полициската статистика.

Според неа, од 1999 до 2014 година, најголемиот број од убиствата се случиле во Приштина и Пеќ.

Косовската полиција оценува дека појавата има загрижувачки карактер и оти мотивите се различни.

– Од аспект на спречување на овие тешки кривични дела освен полицијата посебна улога треба да имаат и другите институции кои имаат институционална и граѓанска належност во подигањето на свеста кај популацијата,сметаат од полицијата.

Од таму нагласуваат дека превземаат многу активности во спречување на оваа појава,преку одземање на оружјето кое нелегално го поседуваат граѓаните,како и средби и разговори за подигање на свеста кај населението.

Сподели