Манафорт нуди милиони долари во замена за домашниот притвор

Пол Манафорт, поранешен шеф на изборната кампања на претседателот на САД, понуди 12 милиони долари во недвижности и средства од животното осигурување во замена за домашниот притвор, се наведува во документи кои се поднесени вчера во суд.
Тој, исто така, најавил дека се согласува дури и на ограничено движење и патувања.
Манафорт и неговиот соработник Ричард Гејтс неодамна се изјаснија дека не се виновни по 12-те точки од обвинението.
Тие се наоѓаат во домашен притвор, врз основа на обвинение за перење пари, кое е поврзано со истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мјулер за евентуална поврзаност на изборниот тим на Доналд Трамп со Русија.

Сподели