Малолетник ја повредил раката експериментирајќи со куршум

Десетгодишно дете загревајќи куршум со леткум си го повредил показалецот на раката. Малолетникот е пренесен во Медицински центар-Скопје.
Како што соопшти МВР, вчера околу 21 часот во село Зубовце-Гостивар, во куќата на неговиот дедо, 10 годишен малолетник додека бил сам во една од собите, со леткум загревал куршум од гасен пиштол во пределот на капислата, при што истиот пукнал и му нанел повреда во пределот на показалецот на левата рака.
Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица-Гостивар.

Сподели