Лидертот на Хамас ги повика Палестинците на востание

Палестинското движење Хамас ги повика своите поддржувачи на интифада, востание на Палестинците, по одлуката на американскиот претседател да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
„Треба да работиме на започнување интифада против ционистичките непријатели“, рече лидерот на Хамас, Исмаил Ханиех, во говорот пред Палестинците, кои се собраа на протест во Појасот Газа.
Колку за потсетување, американскиот претседател Доналд Трамп во средата донесе одлука да го признае Ерусалим за главени град на Израел и да ја пренесе Амбасадата на САД во тој град. Таквата одлука го разгневи арапскиот свет, а Палестинците во Појасот Газа протестираат од вчера.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

Сподели