Lamborghini веќе работи на првиот седан во својата историја

Компанијата „Lamborghini“ почнала развој на нов модел со 4 врати, чија премиера ќе се одржи во 2021-ва година, соопшти весникот „Autocar“, повикувајќи се на трговскиот директор на италијанскиот производител Федерико Фоскини.

„Треба да бидеме скромни, бидејќи дури нашиот врвен нов модел – кросоверот „Urus“, се уште е во фаза на пред-продукција. Целта ни е удвојување на продажбата за неколку години, откако ќе се бориме да го постигнеме тоа“, коментира Фоскини.

Топ-менаџерот сепак призна дека проектот се уште не добил „зелено светло“ од раководството на компанијата. Ако тоа се случи, тој ќе биде голем дел од дизајнерските решенија од концептниот модел „Estoque“ (на сликата), кој беше претставен во 2008-ма година. Тогаш во „Lamborghini“ се откажаа од сериската верзија на автомобилот поради почетокот на светската економска криза.

Пред да се појави моделот со 4 врати, компанијата ќе го претстави и својот прв модел со хибриден агрегат. Ова ќе се случи во 2019-та или 2020-та година, кога автомобилот ќе стане наследник на „Aventador“.

Извор – http://denar.mk/

Сподели