„Катимерини“: Коѕиас сака да се реши спорот со името во 2018 година

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас сака да го реши спорот со името на Македонија во првата половина на 2018 година, но неговите надежи би моежеле да се покажат како премногу амбициозни, оценува атинскиот весник „Катимерини“.
Коѕиас при претставувањето на плановите на грчката Влада за решавање на спорот, изјави дека преговорите за ова прашање треба да завршат во првата половина од 2018 година. – Во спротивно, ќе имаме големи тешкотии. По догорот ќе има три до четири месеци бирократија во Обединетите нации, рече Коѕиас
Според него, се треба да се заврши до крајот на 2018 година, бидејќи во 2019 ќе треба да се одржат претседателски избори во Македонија и праламентарни избори во Грција.
– Тоа нема да биде добра година за решавање на прашања од таква природа, бидејќи ќе бидеме среде изборни кампањи, а такви проблеми треба да се решаваат во релаксирана атмосфера, изјави Коѕиас.
„Катимерини“ оценува дека ниту еден грчки министер за надворешни работи или Влада што се занимавала со ова „сложено и деликатно“ прашање, досега не го поврзувала со внатрешната политика, ниту пак определувала временска рамка за негово решавање.
– Коѕиас најверојатно е подобро информирани по неговите контакти со новата Влада во Скопје и што е уште поважно по посетата на (грчкиот) премиер Алексис Ципрас на САД, наведува „Катимерини“.
Весникот оценува дека факт е оти во моментов има поповолни услови за решавање на проблемот, бидејќи „поранешниот македонски премиер Никола Груевски, националист и популист, повеќе не е клучна фигура, а новиот премиер Зоран Заев изгледа попрагматичен и флексибилен“. – Во Македонија се зголемува и притисокот на етничките Албанци, а НАТО и ЕУ настојуваат да го стават Скопје под свое во услови на растечкото влијание на Русија на Балканот, наведува „Катимерини“.
– Надворешните прилики се поставени, но Грција не е сигурна дека постојат зрели услови за компромис, кој би можел да предизвика штети и на двете страни, оценува весникот, додавајќи дека токму затоа стравува оти „желбите на Котиас може да се покажат како премногу амбициозни“.

Сподели