Јапонска компанија планира да изгради вселенски лифт до 2050-та

Јапонската компанија Obayashi објави дека до 2050-та година ќе конструираат лифт кој ќе носи до вселената.

japonska-kompanija-planira-da-izgradi-vselenski-lift-do-2050-ta-01.jpg

Лифтот ќе достигне должина од 96.000 километри и ќе транспортира луѓе и товар до новата вселенска станица. Исто така ќе служи и за транспортирање астронаути до Марс и пошироко.

„Процесот на изградба се состои од имплементирање на кабелот и изградба на објекти. Неопходно е да се анализира динамиката на кабелот, со цел да се проценат неговите карактеристики, противтежата, објектите и качувачите. Со помош на компјутерска симулација на движењето, го дизајниравме системот и го утврдивме процесот на градење.“ – Obayashi.

Извор – http://www.crnobelo.com/

Сподели