Историска посета на Ердоган во Грција

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во текот на денот ќе пристигне во историска посета на Грција, која ќе биде фокусирана на голем број прашања, вклучувајќи ги територијалните проблеми во Егејското Море и екстрадицијата на осуммината турски офицери.
Ердоган е првиот турски шеф на државата, кој ќе ја посети Грција во последните 65 години. Во рамки на дводневната посета, тој ќе оствари средби со членови на Владата, по што ќе се насочи кон Тракија во североисточниот дел на земјата, каде ќе разговара со претставници на муслиманската заедница во регионот.
Безбедносните мерки во главниот град Атина ќе бидат зајакнати. Ќе бидат распоредени околу 2.000 илјади полицајци, а се планира дел од центарот на Атина да остане затворен речиси цел ден.
Ердоган ќе слета во грчкиот главен град во 11 часот за да се состане со Алексис Ципрас напладне, по што двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција.
 
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

Сподели