12 C
Bitola, MK
Дата: 14.12.2017 Час: 21:40

Именикот на Хитлер продаден за 33 000 фунти

За двојно повисока цена од очекуваната , на аукција е продаден именик , за кој се верува дека му припаѓал на Адолф Хитлер .

Телефонскиот именик е продаден во Британија , на аукција што ја организираше куќата ,, Олдриџ и син “ .

Достигна сума од 33 илјади фунти или двојно повеќе од очекуваното .

Именикот во неговата канцеларија го пронашол капетан Џон Хоџу пред крајот на Втората светска војна .

Во именикот со ракопис напишани се 200 имиња и телефонски броеви , меѓу кои и на Хајнрих Химлер , Јозеф Гебелс , Рудолф Хес , Херман Геринг, Алберт Борман и други соработници на Хитлер .

Сподели
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com