Има ли надеж за зелена иднина?!!

 

Воздухот, и не било кој, туку оној што го дишеме, оној загадениот. Тој за кој сите ние имаме барем мал, а можеби уште поголем дел на вина зошто е таков. Бел, сив, црн, ама баш сите нијанси на валкано и не здраво. Загадениот воздух уште е тема број еден и не само кај нас во Битола туку во цела Македонија. Тоа не е нешто ново, но сега состојбата станува алармантна. До тој степен  што , што и да се направи , ништо нема да се промени. Барем на кус рок. Ова оттаму што не сме кадри да смислиме некоја зрела идеја . Идеја која би можело да се реализира без да го засегне никого, а сепак  корист да имаме сите.

Не може веднаш исто како што ивоздухот не се загади набрзина. Научниците одамна укажуваат на климатските промени и проблемите што тие ги носат со себе. И покрај тоа што се организираат најразлични конференции и други собири на оваа тема, сепак  прдложените решенија тешко се спроведуваат, и токму затоа и резултатите тешко се видливи.

И кај нас се одржуваат најразлични настани со цел да се укаже на загадувањето , и не само на воздухот, туку воопшто на целата природа.

Неколку години наназад ЕУ организира настан Зелена недела. Тој настан се одбележува и во Битола. Се во насока на подигнување  на свеста кај граѓаните и зачувување на животната средина. Сето тоа подраз бираше политики  што би донеле зелени работни места, дишење на чист воздух, ефективно користење на ресурсите, намалување на количината на отпад, зголемување на јавните зелени површини. Сето тоа подразбира инвестирање за позелена иднина.

Далеку сме од зелена Битола, токму затоа што уште не сме зрели. Веројатно ќе треба да се сменат многу генерации кои навистина ќе можат нешто да направат на тој план.  . Наместо секој секој да тргне од себе и да даде свој придонес, се соочуваме со диви депонии, уништување на зеленило и ред други работи, за кои вината никој не ја зема врз себе туку секогаш ни е крив некој друг. Природата пак на никој не останала должна. Жална беше глетката од големиот пожар  од пред десет години . Уште тогаш се уништија белите дробови на Битола. Илјадниците садници што се садеа во акциите на денот на дрвото, кога требаше да се засади зелената иднина, не вродија плод. Уништувањето на зеленилото во поранешната касарна  за потребите на новата урбана средина е само дополнување  на уште еден лош пример како не треба. На овој простор никнува нова населба, но за жал , досега на тој потег не е засадено ниту едно дрвце.

Деновиве сме сведоци на почеток на една акција на мапирање на загадувачите во градот. Истите тие што ги мапираат загадувачите им предлагам да го мапираат секое новозасадено дрвце. Не е нешто ново дека битолчани најмногу се греат на дрва, но економската мож на граѓаните не им дозволува да применат друг избор за греење.  Големиот број на автомобили пак само ја зголемува лошата слика на загадениот воздух. Во овој контекс користењето на јавен превоз е само уште една зелена идеја, за која не се созреани условите. Можеби  тогаш кога  локална власт ќе набави нови  еколошки автобуси . Гасификацијата е уште една зелена идеја за која ќе треба многу услови да созреат. Има ли надеж за зелена иднина?

Онака како што стојат работите Битола може само на хартија да биде зелен град. Далеку сме многу до  зелена иднина, а дотогаш ќе ги дишеме сите нијанси на загаден воздух. Природата ни враќа толку колку што сме инвестирале  во неа.

Сподели