Групата Љубојна го отвора фестивалот Музика од светот во Битола

Деветтото издание на Фестивал на музика од светот ќе ги претстави најбрилијантните музички артисти на Балканот. Фестивалот започнува вечерва со концерт на групата Љубојна

За Љубојна, создавањето музика која ги поместува границите е начин на живот. Групата е една од најрепрезентативните и најистакнатите на Балканот, која на автентичен начин го пренесува пулсот на македонското музичко битие во отворен звук на светот. Нивните музички ерупции најчесто се опишуваат како постојано менлив спој од жестока енергија, моќниот звук на дувачката секција и традиционалните македонски теми.

На втората фестивалска вечер ќе настапи Божо Вречо од БиХ.
Божо Вречо е еден од најинтересните и најпознатите изведувачи во доменот на севдахот во последно време.
Њујорк Тајмс вели дека ангелскиот глас на Вречо ја лечи душата и го отвара срцето, и тврди дека “Божо Вречо едноставно е синоним за слобода!”. Тој е исто така и автор на новите севдалинки и се смета за клучен дел од новата генерација на автори кои ја оживуваат традицијата на севдалинките, античката тажна музика на Босна и Херцеговина.

Сподели