ФОТО+ВИДЕО: Гори Охридската касарна – пожарот се шири кон околните куќи

Пред малку голем пожар го зафати поширокиот простор кај некогашната касарна Михајло Апостолски.

Гори сува трева и високи стебла во самата касарна. На терен се екипи на против пожарната единица на град Охрид, на помош се и пожарникарските возила од аеродромот во Охрид како и локалното население. Високите пламени јазици се видливи и од централното градско подрачје.

Пожарот предизвика голема вознемиреност кај локалното население, а има опасност оганот да се префрли и во дворовите на куќите.

Сподели