Физички препреки и неинформираност се најголемите проблеми на лицата со попречености

 

Физички препреки и не информираност се најголемите проблеми  со кои се соочуваат лицата со попречености  за нивно не само политичко туку и вклученост во сите домени на општественото живеење. Денес   кога се одбележува  денот посветен на лицата со посебни потребни  здружението за промоција и развој на инклузивно  општество Инклузива  одржа  јавна дискусија на тема „Политичкото учество на лицата со попреченост“. Целта е да се најдат решенија за проблемите на овие лица.

 

Сите општини  да преземат активности за да се направи пристапност, на тротоарите, на улиците. На објектите за да може овие луѓе непречено да влегуваат и да ги остваруваат своите права,  апелира Благица Димитровска  од здружението за промоција и развој на инклузивното  општество Инклузива.  На тој начин лицата со попречености ќе може да си ги остваруваат своите здравствени, социјални и други потреби во животот. Освен физичките препреки  ваквите лица се соочуваат и со неинформираност. До овој податок е стигнато од спроведените  истражувања  пред, за и по изборниот процес. Само еден процент од 200 интервјуирани лица се информирани за своите гласачки права, додава Димитровска .

Вклучување на лицата  со попреченост во креирањето на локалните политики се идните активности што се планираат со градоначалниците и советниците , со цел  да се детектираат и да се отстранат проблемите со кои се соочува ваквата категорија на луѓе.

Во оваа насока се и организираните работилници со политичките партии. Целта е лицата со посебни потреби да се најдат на листите на политичките партии и тие да станат дел од законодавниот дом каде што ќе можат директно да влијаат врз донесувањето на закони што ги засега ваквата категорија на луѓе.

Сподели