Филмот Господ постои нејзиното име е Петрунија ја доби подршката од најпрестижниот копродукциски филмски фонд Еуроимаж

Најновиот филм на Теона С.  Митевска , Господ постои нејзиното име е Петрунија ја доби подршката од најпрестижниот копродукциски филмски фонд Еуроимаж.

Со големо задоволство би сакале да ја известиме македонската филмска и поширока јавност дека на последната сесија на Еуримаж, македонскиот филм Господ постои нејзиното име е Петрунија на Теона Стругар Митевска,  доби поддршка од овој престижен фонд од 224,000 евра. Со овој грант Сестри и Брат Митевски продукција и целосниот го затворија буџетот на овој филм.

 

Целосниот буџет на филмот Господ постои, нејзиното име е Петрунија е 1.300.000 евра од кој на конкурсот распишан од Македонската Агенција за филм на кој ги доби највисоките оценки, доби поддршка од 487,000 евра или 36% од буџетот, од Белгискиот филмски фонд и други извори се обезбедија 280,000 евра или 21 %, од Хрватскиот филмски фонд 102,000 евра и други извори 10 % и од Словенија 10%. 

 

Проектот беше дел од престижните Paris Coproduction Villiage во Париз и Venice Gap Financing Market кој е дел од Венецијанскиот филмски фестивал и секаде побудуваше огромен интерес. Во развојната фаза филмот беше поддржан и од Медиа програмата за развој со грант од 30,000 евра, а ја доби и наградата на Еуримаж во висина од 20,000 евра на Cinelink програмата која е дел од Сараевскиот Филмски Фестивал. Сценариото на филмот потпишано од Теона С. Митевска и Елма Татарагиќ доби највисоки оценки од сите институции и фондови каде филмот беше претставен. Квалитетот на авторот и на сценариото овозможија за само осум месеци да се затвори целосниот буџет на филмот. 

 

Кастингот, изборот на актерската екипа и другите подготовки траат веќе повеќе од шест месеци. Филмот ќе започне со снимање во средина на Јануари, и ќе се снима целосно во Македонија, во траење од шест недели. 

 

Ова е петтиот долгометражен филм на Теона Стругар Митевска и веќе четврти пат по ред овој автор ја добива поддршката од Еуримаж. Продуцентската куќа пак веќе седми пат по ред учествува во проект кој е поддржан од Еуримаж фондот, со врвни европски автори меѓу кои покрај Теона Стругар Митевска, се Дамјан Козоле, Кристи Пују, Нури Билге Чејлан, информираат од продукцијата Сестри и  брат Митевски.

Сподели