Една од девет бремени жени има дијабет

Една од девет бремени жени има дијабет, а едно од седум новоредни бебиња има дијабет. Бројот на лица со дијабет од година во година се повеќе се зголемува. Со бесплатно мерење на на притисок и шеќер во крвта денеска беше одбележан  светскиот ден на дијабетесот 14 ноември.  Акцијата  ја спроведуваат Центарот за јавно здравје Битола во соработка со ОО на Црвениот крст во градот, под мотото „Наше право за здрава иднина“ со акцент на бремените жени со дијабетес.

Под мотото „Жените и дијабетесот – нашето право на здрава иднина“ денеска се одбележува Светскиот ден на дијабетесот 14 ноември. Овој ден се одбележува ширум светот. Во глобалната кампања за подигнување на свесноста на граѓаните за оваа болест  и оваа година Центарот за јавно здравје Битола  заедно со волонтери од ОО на Црвениот крст од градот организираа акција за бесплатно мерење на притисок и шеќер во крвта.

Имајќи го предвид фактот дека  дијабетот веќе има глобална епидемија стручни лица вршат предавања  за учениците од основните и средните училишта  на подрачјето на општина Битола  со цел да ги запознаат со симптомите , компликациите што може да настанат како и превенцијата од оваа болест.  Бројот на пациенти со дијабет се повеќе се зголемува . Една од девет бремени жени има дијабет, а едно од седум новородени бебиња има дијабет вели д-р  Марија Врчкова специјалист по социјална медицина  во  ЦЈЗ Битола.

Глад, жед, поспаност, истоштеност, болки во стомакот, немање на концентрација  се првичните симптоми на дијабетот кои не треба да се занемарат. Високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до оштетување ма крвните садови, срцето, очното дно, стапалата, па затоа е многу важен ваквиот  скрининг и рано откривање на компликации што може да го загрозат здравјето на граѓаните, додава д-р Врчкова.

Освен денешната активност волонтерите на ОО ЦК Битола  во просториите на организацијата на 16 ноември д-р Александра Сервини ќе одржи  предавање за јувенилен дијабет а еден од волонтерите ќе ја сподели својата приказна како е да се живее со дијабет?

Сподели