Државата да води повеќе грижа за дијабетичарите на инсулин

Лајонс клубот Битола , заедно со здружението на граѓани со дијабет од Битола се вклучија  во одбележувањето на светскиот ден на дијабетот. Во Битола регистирани се 6 200 дијабетичари кои се на инсулинска терапија.  Од здружението велат дека „општеството се помалку и помалку води грижа за обезбедување на инсулинска терапија“.

На денот кога се организираат најразлични активности со цел да се подигне свесноста кај граѓаните за болеста дијабет, не само што се се зголемува бројот на дијабетичари  туку се зголемува и бројот на пациенти кои користат  инсулинска терапија . Често овие пациенти се соочуваат со проблеми околу набавката на инсулин. Здружението на граѓани со дијабет од Битола  обвинува  дека општеството се помалку и помалку води грижа  за обезбедување на инсулинска терапија. Само во Битола има регистрирано над  6 200 пациенти кои користат инсулин, вели Борис Мијалчев претседател  на здружението на граѓани со дијабет .

Превентивните прегледи се од големо значење. Само претпладнево  во акцијата што беше организирана на плоштадот Магнолија во Битола  од страна на Лајонс клубот Битола ,  откриени се неколку случаи со зголемено ниво на шеќер во крвта  и дадени им се соодветни препораки како да постапат понатаму, информира Кристијан  Велјанов претседател на  овој клуб.

Редовни контроли и здрав начин на живот се најголемата превентива за оваа болест. Во светски рамки има околу 400 милиони заболени од  дијабет, а се очекува до 2030 година бројката да се зголеми на 600 милиони додава Велјанов.

Сподели