Драматична состојба со поплавите во Албанија

Вчерашните поплави во многу подрачја во Албанија продолжија и денеска, а регистрирани се уште две жртви, една на Патот на нацијата, а другата во градот Фиер. Тројца елекричари во Скадар биле повредени при експлозија на електричен трансформатор. Најмалку 315 лица се евакуирани во еден трговски центар во Тирана и во Фуш-Круја. Премиерот Еди Рама излезе на теренот за да изврши увид во ситуацијата.

„Важно е тоа дека досега благодарение на операциите за спасување, особено во текот на ноќта кога беше навистина лошо, потоа денски е полесно. Се потрудивме да нема повеќе жртви во луѓе, за жал животот го загуби еден работник.“ – изјави Еди Рама, премиер на Албанија

Автопатот во насока Тирана-Драч е прооден, а од Драч кон Тирана се уште блокиран и се работи на негова санација. Од Министерството за одбрана ги повикаа жителите да ги напуштат објектите кои се наоѓаат во близина на речните корита. Поради невремето, прекината е наставата во цела Албанија.

Алсат М

Сподели