Доналд Трамп помладиот ја објави неговата комуникација со Викиликс

Синот на американскиот претседател, Доналд Трамп јуниор денеска ја објави неговата комуникација со Викиликс, откако американските медиуми соопштија дека тој комуницирал со нив пред минатогодишните избори.
Весникот „Атлантик“ вчера соопшти дека Трамп јуниор разменувал пораки со Викиликс во периодот кога тие објавија дел од украдените електронски пораки на Хилари Клинтон.
Во дописите кои што ги објави, Викиликс му се заблагодарува на Трамп јуниор за позитивните коментари на неговиот татко за нив и бара да им ги достави даночните пријави на Доналд Трамп.
Адвокатот на Трамп јуниор информира дека овие и други дописи ги доставил до комитетите во американскиот Конгрес.

Powered by WPeMatico

Сподели