ДИК кратела од „теренците“ за себеси да си даде бонус

Членовите на Државната изборна комисија им ги намалиле дневниците на „теренците“ на денот на изборите за да можат да си дадат бонус-плата за себе. Непринципиелноста на ДИК стана јавна тема откако американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, ја откри алчноста на спроведувачите на изборите, при што беше утврдено оти таквата пракса траела со години. Под притисок на јавноста, ДИК вчера свика вонредна седница, на која беше одлучено секој од членовите индивидуално да донесе одлука што ќе прави со земените средства. Во меѓувреме, „Независен весник“ дојде до нови сознанија за однесувањето на членовите на ДИК, кои би требало да бидат еден од столбовите на демократијата и важен чинител против коруптивното однесување во општество, пренесува Независен.

„Информацијата што ја слушавме и прочитавме во медиумите дека водството си поделило дополнителна плата за неколкуте месеци работа за локалните избори во октомври ни ја прели чашата. Тоа е дрска и безобразна одлука, затоа што со месеци нѐ лажеа и нѐ убедуваа дека нема пари, па морало да се затегне ременот“, велат вработени во ДИК, кои служат за техничка поддршка во реализацијата на секои избори.

Сподели