Денеска е Света Петка

 

Православните верници денеска ја слават една од најважните светици, Света Петка (во соседите позната и како Параскева).

Вообичаено е дека се оди во црква каде покрај иконата на Света Петка се зема чудотворна вода за која се верува дека лекува многу болести, а посебно проблеми со видот.

Иако Света Петка во календарите на сите православни цркви е запишана со црвени букви, денеска не е строг пост. Според народните верување не е убаво да се меси леб, да се перат алишта и прават други физички работи за кои се користат алишта.

Овој обичај првенствено е востановен поради тоа што Света Петка првенствено се смета за заштитничка на жените, а потоа и на болните. Поради тоа црквата и дозволила во народот да се вреже ова верување како жените првично би имале слободен ден од тешките работи кои некогаш ги извршувале, како во домот така и на поле.

Обичај е и жените шест дена пред Света Петка да постат, а потоа седмиот ден да се причестат и да јадат мрсно.

 

 

Сподели