„Boeing“ инвестира во летечки такси возила

Гигантот во авиоиндустријата, „Boeing“,  најави дека ќе ја купи компанијата „Aurora Flight Sciences“, која заедно со „Uber“ работи на создавање на мрежа од летечки такси возила.

Компанијата „Aurora Flight Sciences“ е лоцирана во американската сојузна држава Вирџинија и е специјализирана за производство на беспилотни летала. Од своето основање во 1989 до денес компанијата има произведено преку 30 модели на беспилотни летала.

„Со заеднички сили нашите тимови ќе го забрзаат развојот на беспилотните летала за јавна и воена употреба. Заедно, ќе отвориме нови пазари за овие технологии“, изјави Грег Хислоп, потпретседателот на „Boeing“.

Минатата година „Aurora Flight Sciences“ беше наградена со договор вреден 89 милиони долари од Министерството за одбрана на САД, за развој на ново беспилотно воено летало, наречено „LightningStrike“.

„Aurora“ има соработка и со „Uber“ во проектот кој предвидува создавање на мрежа од летечки такси возила, кои ќе се користат најпрво како тест-субјекти, па потоа ќе бидат пуштени и во сериско производство.

Далас и Дубаи се пријавија како први градови-домаќини на овој проект, а од компанијата се надеваат дека ќе можат да и го презентираат на јавноста готовиот производ веќе во 2020 година.

Извор – https://kajgana.com/

Сподели