Анџелина Џоли во блескава креација ѝ додели почесен Оскар на Анес Варда, двете танцуваа на сцената

Анџелина Џоли присуствуваше на холивудската манифестација Governors Awards. Притоа, 42-годишната актерка беше задолжена за врачување на почесен Оскар на продуцентката и режисерка Анес Варда.

Елегантната Џоли беше облечена во бежова креација на Елизабета Франки, украсена со златни и сребрени декорации. Блескавиот изглед го заокружи со дијаманти на вратот и со нејзиниот препознатлив црвен кармин.

Анџелина ЏолиАнџелина ЏолиАнџелина ЏолиАнџелина ЏолиАнџелина ЏолиАнџелина Џоли

Откако ја прими наградата, француската режисерка изјави: „Малку сум засрамена и пресреќна што слушам толку прекрасни зборови за мене. Да, морам да кажам дека тоа прави да се чувствувам убаво“.

Анџелина Џоли

Својот говор таа го заврши со зборовите: „Се чувствувам како да го танцувам танцот на киното.“ Потоа следуваше изненадување за публиката, бидејќи започна музика и таа и Џоли заедно танцуваа на сцената.

Анџелина ЏолиАнџелина Џоли

Анџелина ЏолиАнџелина ЏолиАнџелина ЏолиАнџелина ЏолиАнџелина ЏолиАнџелина ЏолиАнџелина ЏолиАнџелина Џоли

Џоли беше фотографирана во уште една елегантна комбинација, само еден ден пред одржувањето на Governors Awards. Ѕвездата беше забележана како ја напушта зградата на весникот Los Angeles Times, каде што присуствуваше на состанок облечена од глава до пети во црно. Класичниот стајлинг беше дополнет со впечатлива чанта на Валентино и очила за сонце на Салваторе Ферагамо.

Анџелина ЏолиАнџелина Џоли

Извор – http://www.femina.mk/

Сподели