Американската амбасада во Белград: Тешко е да се поверува дека за палење на амбасадата никој не доби казна затвор

Американската амбасада во Белград изрази чудење по судската одлука за палењето на амбасдата во 2008 година да не биде доделена ниту една затворска казна. Тие соопштија дека го почитуваат владеењето на правото и побараа правдата да биде задоволена и во овој случај.
– Тешко е да се сфати дека беа потребни девет години за да се стигне до пресуда во случајот поврзан со палењето на амбасдата и предизвиканата шетта од речиси половина милион долари и смрт на една личност, а да конечната одлука е ниту еден од седуммината обвинети, да не биде осуден на затворска казна, се наведува во реакцијата на амбасдата во врска со денешната пресуда на Вишиот суд во Белград.
Во соопштението се додава дека според меѓународното право, земјата домаќин е одговорна да ги штити странските дипломатски претставништа и дека српската полиција се повлекла од своите вообичаени пунктови во близина на Амбасдата на САД, само неколку минути пред нападот.
– Тие кои што се одговори за тоа никогаш не одговараа, а напоменуваме дека се уште не се постапува по случајот кој обвинителството го поведе против петмината обвинети полициски офицери, велат од амбасдата.
Вишиот суд во Белград денес за четвроица обвинети за палењето на амбасадата на САД во Белград во 2008, за време на протестот против независноста на Косово, донесе одлука за условна казна, додека тројца обвинети ги ослободи.

Powered by WPeMatico

Сподели