„Ал Арабија“: Спречен заговор за убиство на либанскиот премиер Харири

Пред неколку дена во Бејрут е спречен заговор за убиство на либанскиот премиер Саад Харири, кој вчера поднесе оставка на функцијата, јави телевизијата „Ал Арабија“, повикувајќи се на неименувани извори.
Харири својата оставка ја најави од Саудиска Арабија во обраќање емитувано на „Ал Арабија”. Тој при тоа оцени дека сегашната политичка клима во Либан потсетува на онаа од времето кога беше убиен неговиот татко Рафик Харири и дека се плаши оти постои и заговор и за негово убиство.
– Живееме во опкружување кое е слично на атмосферата која владееше пред убиството на Рафик Харири. Почувствував што ми се подготвува, изјави Харири во телевизиското обраќање.
ДПА, повикувајќи се на неименуван близок соработник на Харири, јави дека по оставката тој ќе остане во Саудиска Арабија, поради „безбедносни причини“.
– Безбедноста е една од основните прични поради кои премиерот засега ќе истане надвор од Либан, изјавил изворот, кој побарал анонимност.
Информацијата за заговор против Харири ја потврди и саудсикиот министер за прашања за Персискиот Залив, Тамер ал Сабхан, кој при тоа потврди дека либанскиот премиер се наоѓа во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.
– Личното обезбедување на Харири има потврдени инфорамции за заговор за негово убиство, изјави Ал Сабхан, додавајќи дека безбедноста на либанскиот премиер во оставка „е многу важна за Саудиска Арабија“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од своја страна изјави дека оставката на Харири е последица на мешањето на Иран во внатрешните работи на Либан, што претставува „аларм за тревога“.
Харири во вчерашното обраќање изјави деја либанското шиитско движење Хезболах и неговиот сојузник Иран се обидуваат „да го присвојат” Либан. Тој го обвини Техеран за мешање во односите меѓу арапските држави, апелирајќи при тоа за, како што рече, „укинување на иранското оружје“ во регионот на Блискиот Исток.
Иран од своја страна оцени дека ваквите обвинувања се „нереални и неозновани“.
– Повторувањето на нереалните и неосновани обвинување на ционистите, Саудијците и Американците против Иран се индиција дека оставката (на Харири) е ново сценарио за содавање тензии во Либан и во регионот, изјави портпаролот на иранското Министерство за недворешни работи, Бахрам Гасеми.

Сподели