Локални дијагонали

Локални дијагоналие информативна емисија која се емитува на Телевизија Орбис 15 години. Секоја сабота премиерно во 20 часот и секоја недела репризно во 19 часот, емисијата донесува пресек на настаните и случувањата кои оставиле печат и белег во седмицата која изминува. Преку рубриките Избор, Акценти, Економски и Политички рефлексии гледачите може да погледнат се што пропуштиле во дневно – информативните изданија Вести на Телевизија Орбис, а рубриките Осврт и Коментар, пак, донесуваат оригинални новинарски текстови, посветени на актуелни општествени, политички и економски проблеми и дилеми.