За нас

Орбис ТВ — прва приватна локална телевизиска станица, која започна да емитува на македонски јазик на дваесет и петти декември 1990 година во Битола. Орбис е медиум со претежно забавен општ формат. Исто така емитува Информативната програма, која емитува вести во 16:30 и централни вести во 18:30 и 21:30 часот. Програмата може да ја следат жителите на Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, а исто така може да се следи и преку веб порталот на Телевизија Орбис. Благодарение на професионалниот тим на новинари со помош на напредната дигитална технологија, Орбис нуди точни и благовремени информации од местото на настанот. Орбис својата програма ја емитува преку кабелските оператори во Битола, Ресен и Демир Хисар и преку палтформата на Ustream.

Телевизијата е од конвенционален карактер, што значи дека нуди информативни содржини, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција и спортска програма. Соодветно на тоа и организациски редакциите се поделени на информативна, контактно-забавна и спортска редакција, во целата телевизија се вработени околу 50 луѓе.

Телевизијата е опремена со најсовремена технологија и е една од најдобро опремените телевизии. Продукциската опрема во Орбис ТВ е целосно дигитализирана. Базирана е на систем кој работи во XDcam формат (дигитален запис на камерата) и на BlueRay дискови. Нашата телевизија располага со две студија. Првото во кое се снимаат емисиите и е опремено со седум камери плус две кран камери и посебно студио за информативните изданија. За прв пат HD сигнал Телевизија Орбис пушти на почетокот од 2014 година, со што гледачите имаат можност уживаат во квалитетна ѕвук и слика.

Телевизија “Орбис” – Битола е меѓу првите вакви медиуми кои започнаа да делуваат во Македонија, со сите перформанси што ги бара Законот за радиодифузна дејност и другата норматива. Под името Радиотелевизија “Орбис”, за прв пат започна да емитува програма на 25.12.1990 година. Во меѓувреме, до донесувањето на Законот за радиодифузна дејност, во овој медиум беа направени повеќе организационо -технички и кадровски промени, со цел да се оспособи организацијата за целосно извршување на задачите што треба да ги исполнува една телевизиска куќа. Стануваше збор за определени стандарди и потреби што се бараа со законските одредби, но и на барањето на своите многубројни гледачи. При тоа, голем дел од тие зафати се однесуваа на збогатување на програмските содржини, оспособување на новинарскиот и техничкиот персонал, решавање на просторните услови, набавка на пософистицирана опрема и слично.

Во програмскиот дел, посебно внимание му е посветено на доследната примена на препораките на соодветните тела на Советот на Европа и Европската унија, како и информативните професионални асоцијации од земјата и странство кои работат на прашањата за подобрување на информирањето и на овие наши македонски простори.